Опасност од уривање на Нотр Дам


Три дена по пожарот што ја опустоши париската катедрала Нотр Дам, експертите изразија стравување од уривање на три главни елементи на нејзината структура.

Францускиот министер за култура Франк Ристер изјави дека oстануваат три главни кревки точки во катедралата Нотр Дам, на која се работи тековно

Ако се урне овој елемент од неколку тони, може да понесе со себе голем дел од северната фасада на катедралата и нејзините розети, но исто така и зградите во соседната улица „Клоатр Нотр Дам“, каде се наоѓа седиштето на Париската епархија. Поради ова евакуирани се жителите на заградите на таа улица, на кои се уште не им е дозволено да се вратат дома.

Втора чувствителна точка е западниот фронтон, што се наоѓа меѓу двете камбанарии, зад галеријата на колоната над големите розети. Овој елемент го означува западниот крај на покривот на бродот на црквата. Рамката на која се потпираше повеќе ја нема.

Трета проблематична точка е аголот на јужната камбанарија, чии камења се ронат и постои ризик да се распаднат.

Сводот се урна на овие три места, но постои реален ризик тој да се урне и на други места, затоа ќе биде поставено скеле, за да се отстранат остатоците кои се на сводот и многу брзо ќе биде покриен. Ако почна да паѓа дожд, ќе има акумулација на вода и таа ќе тежи на сводот, предупреди францускиот министер за култура.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1