Генералниот секретар на СДСМ , Александар Кирацовски рече дека на над 50 проценти од гласовите победи заедничкиот кандидат Стево Пендаровски.
Кирацовски рече дека очекувано Пендаровски победил во првиот круг , а сигурно е дека тој ќе победи и во вториот круг. Кирацовски рече дека не се ова локални избори , како што смета ВМРО – ДПМНЕ.
Предноста е евидентна и победата на Стево е повеќе од јасна, рече Кирацовски. Во вториот круг ќе настојуваме излезноста да се повтори и Стево Пендаровски да биде иден претседател на државата.