Зекири: Горчлива победа, време е за одговорност и на дел од функционерите на СДСМ


Мухамед Зекири вчера се огласи на Фејсбук по официјалните резултати на ДИК според кои Стево Пендаровски има неколку гласа повеќе од противкандидатот Гордана Силјановска Давкова.

– Горчлива победа. Резултатот поука за сите нас!!!

Граѓаните знаат да наградат, а и да казнат. Посебна честитка до гласачите Албанци кои дадоа поддршка за Стево Пендаровски, како и за извонредниот резултат и поддршката што ја доби кандидатот Блерим Река!!!
Граѓаните Албанци јасно демонстрираа дека е дојдено време од политичката сцена да се пензионира голем дел од политичката елита на Албанците во Република Северна Македонија!!!
Време е и за одговорност и на дел од функционери од нашата СДСМ!, напиша тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1