Убиениот во Слупчане бил лихвар – убијците го чекале во заседа


Кумановецот Елам Селахи кој беше пронајден убиен со неговиот осумгодишен син во негоавата „опел астра“ во атарот на селото Слупчане бил познат лихвар, јавува Телма.

Убијците го чекале сокриени зад дрва во темница, пред ладнокрвно да отворат оган над автомобилот со затемнети прозорци на 47-годишникот еден час синоќа пред полноќ.

Вознемирените селани на Опае и Слупчане кога ги чуле истрелите ја повикале полицијата. Убијците, за кои се претпоставува дека биле двајца, користеле автоматско оружје.

Салахи е од селото Белановце, но живеел во Опае. Познат бил по тоа што давал лихва со високи камати.

Извори од МВР за „Телма“ потврдиле дека два пати бил пријавуван за обид за убиство, бил фатен со нелегално оружје и нападнал полицајци.

Еднаш бил осуден на четиригодишна затворска казна која ја издржал.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1