Кандидатот на СДСМ за претседател, Стево Пендаровски, вчера истакна дека ќе иницира орден Борис Трајковски.
Од пред овој паметник за ликот и делото на претседателот Борис Трајковски најавувам дека како иден претседател ќе инцирам воведување на орден кој ќе го носи името и на вториот претседател на Република Македонија – Орден „Борис Трајковски“.
Овој орден ќе се доделува на граѓани кои имаат личен придонес во развојот на мултикултурното демократско опшество.
Особено сум горд на фактот што три години од мојата професионална кариера ги поминав во неговиот претседателски кабинет. Имено, Од 2001 бев советник за национална безбедност во кабинетот на Трајковски, се до трагичната несреќа во 2004 година кога тој го загуби својот живот.
Трајковски беше претседател кој обединуваше, човек кој несебично се даваше во својата работа, исклучителен државник кој се залагаше за мултикултурни вредности и кој веруваше во демократска Македонија во која сите независно од нивната етничка и религиозна определба можат да живеат заедно во едно слободно, демократско општество.
Почитувани граѓани, Глигоров и Трајковски ни оставија голем залог. Ни го покажаа патот и начинот на кој треба да се води државата и гордо заминаа во историјата.
Овие ордени ќе бидат паметник на нивните заложби за слободна, мирна, независна, безбедна и обединета држава.
На нас е да ги оправдаме нивните очекувања и да ја оствариме нивната визија.
Во нивна чест, повторно да се обединиме и да го продолжиме патот кон држава за каква што тие сонуваа и работеа.