Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека оспорениот венецуелски претседател Николас Мадуро бил подготвен да ја напушти земјата и да замине во егзил во Куба, но бил убеден од Русија да остане.
„Имаше авион на пистата . Тој беше подготвен да замине, но русите рекле дека треба да остане“, изјави Помпео на СНН. Помпео додаде дека Вашингтон бил известен од високи претставници во владата на Венецуела дека ќе се предадат во случај на востание. Насилствата се разгореа, кога лидерот на опозицијата, поддржан од САД, Хуан Гуаидо ја повика војската да помогне да се собори Мадуро од претседателската функција. Илјадници Венецуелци излегоа во главниот град Каракас за да го поддржат она што Гуаидо го нарече „завршна фаза“ на кампањата за преземање на власта во јужноамериканската земја, додека неговите поддржувачи се собраа пред воздухопловната база.
Владата на Мадуро ги осуди акциите на Гуаидо како обид за државен удар и соопшти дека ја има поддршката на војската. Американскиот претседател Доналд Трамп твитна дека Вашингтон стои со „луѓето од Венецуела и нивната слобода“.