Никола Груевски издаде книга – промоција на Саемот за книги


Поранешниот премиер кој доби политички азил во Унгарија, Никола Груевски преку Фејсбук информираше дека неговата книга е готова и дека ќе биде достапна на годинешното издание на Саемот на книгата.

Книгата е со наслов „Искуство за иднина“, а е во издание на издавачката куќа „Ѓурѓа“. Таа е всушност неговиот докторски труд на тема: ,,Економските ефекти на различните видови на меѓународни текови на капитал со посебен осврт на Република Македонија“ одбранет во јули 2018 година на Економскиот факултет при универзитетот „Св. Ки­рил и Методиј“ во Скопје.

„Мојата нова книга, излегува од печат преку издавачката куќа Ѓурѓа. Од утре, среда, 8-ми мај на саемот на книгата, а од петок и во тврдиот повез. Во септември и англиска верзија“, напиша Груевски на Фејсбук.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1