Возачот на Стража починал откако возел верници на литија


Нови детали се појавија за возачот на автобус кој ненадејно почина на Стража, по што трагедијата ја потресе цела Македонија.

Од МВР информираа дека возач на автобус починал од неутврдени причини додека бил на пауза на магистралниот пат Кичево-Гостивар. Се работи за 37-годишниот Г.Д од Скопје, возач на автобус „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици, кој запрел за пауза на „Стража“, му се слошило и паднал во безсознание. Лекарите од гостиварската Брза помош, кои во меѓувреме биле повикани, констатирале негова смрт.

Според новите податоци на социјалните мрежи, каде е објавен повик за помош на неговото двегодишно детенце кое остана без татко, за собирање парични средства, излезе информацијата дека тој возал верници на литијата во Струга, на која, учествуваа голем број на граѓани по повод празникот Св. Ѓоргија.

– Почитувани, би сакал да ве замолам да се помолите за душата на братот Горан, кој вчера почина, а беше еден од возачите кои ги возеше нашите групи за Струга. Дознавме дека само тој заработувал минимално, а имал ќеркичка од две години. Почина на 37 години како што се враќавме од Струга, додека правевме пауза на Стража. Ќе се организираме самоиницијативно, па кој колку може да донира. Ќе ве известиме и за терминот кога ќе биде пред Соборна црква. Ве молам сите што сте во можност да донираме, гласи пораката.

Дополнително ќе биде известено за терминот за донации, па да помогнеме бар малку на семејството завиено во црно.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1