Павле Богоевски денеска на седницата за одземање на мандатот на Груевски, поднесе оставка по скандалот со видеото кое се појави, за кое тој тврдеше дека нарачува масло од канабис за медицински цели.
Тој на седницата за одземање на мандатот на Груевски кој шест месеци е неоправдано отсутен, кажа дека гласот за одземање на мандатот, ќе биде негов последен глас во Собранието. По скандалот се решил да поднесе оставка, информираше денеска.
Откако ќе биде констатирана неговата оставка, се отвора место нов пратеник да стане Александар Филиповски, кој ќе го заземеше 17-тото место во листата, пренесе Фокус.
Богоевски беше на петтото место на пратеничката листа на СДСМ на парламентарните избори на крајот на 2016 година во првата скопска изборна единица, која ја предводеше новоизбраниот претседател на државата Стево Пендаровски, по кого следуваа Реаната Дескоска, Дамјан Манчевски, Стефан Богоев.