Децата биле во куќата додека таткото ја убивал нивната мајка, баба и дедо


Вулканизерот Горан Јанковиќ (37) најверојатно го извршил масакрот во Нови Сад кога упаднал во родителската куќа на својата сопруга Мирјана Јанковиќ (32) и ги убил неа и нејзините родители 57 годишниот татко и исто толку годишната мајка.

За да биде поголема трагедијата , стравичниот злостор го гледале синовите на Горан и Мирјана, а постарото момче успеало некако да дојде до телефон и да го повика својот вујко на помош. За жал било предоцна.

-Се претпоставува дека прво го убил дедото . Потоа на Мирјана и ја смлечкал главата а на крај и пресудил и на бабата. Крв било насекаде а најужасно било што децата биле присутни . Кога влегол во куќата вујкото кој пристигнал за само неколку минути, едното дете било во креветот со мајката , а другото со бабата, пишуваат српските медиуми.

Пријателите на убиеното семејство рекле дека Мирјана и Горан неколкупати се разделувале и смирувале, бидејќи тој бил насилен.

За време на убиството на својата сопруга, бабата и дедото, сведоци биле синовите на Мирјана и Горан, пренесува српски Курир.

Имено 10- годишноо момче гледало како таткото им ја убива мајката, а потоа и нивните дедо и баба, па го повикал вујкото, брат на убиената Мирјана.

Младен дошол во куќата и затекнал сцена како од хорор филм, па веднаш повикал полиција. Нивиот помал син кој инаку оди во градинка бил во куќата исто така.

Мирјана претходно го пријавила Горан за семејно насилство, па тој имал забрана за доближување.

Полицијата ги блокирала сите излези од Нови Сад во потрага по осомничениот монструм. Патролите ги запирале и претресувале скоро сите автомобили. Градот го надлетувале и хеликоптери а во потрагата за Јанковиќ се вклучила и војската.

Сосетката ги открива последните зборови кои ги слушнала од куќата каде се случило тројното убиство, открива српски Курир.

Првата сосетка на Бранислава и Нада Пајиќ, кои зетот Горан Јанковиќ брутално ги убил, а потоа и нивната ќерка Мирјана Јанковиќ, ги открива последните зборови кои ги слушнала од куќата на стравот во Нови Сад, пишува курир.рс

Таа слушнала бучава и го отворила прозрецот, а потоа ја здогледала Нада Пајиќ која извикала – „Зете, задоволен ли си сега?“.

Сосетката веднаш му рекла на својот син да оди кај нив и да види што е работата, но веќе било предоцна.

Набргу потоа, Горан ја убил и сопргуата Мирјана, додека нивните деца го гледале хоророт.

Полицијата веднаш дошла на лице место. Потрагата за Горан Јанковиќ, кој моментално е единствениот осомничен за масакрот и понатаму трае.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1