Никој од купувачите и од вработените во компанијата „Нефа“ не да биде измамен и сите ќе си ги добијат парите, тврди рускиот инвеститор Андреј Ходашевиќ во соопштение до јавноста во Србија, пренесува српски „Блиц“.
Аферата „Нефа“ остави без работа околу 500 вработени во фабриката во Србија, како и многу граѓани кои нарачале и платиле мебел како во соседството, така и во салоните во Македонија.
Во соопштението до јавноста во Србија, Ходашевиќ ветува дека како сопственик на холдингот ќе обезбеди буџет за враќање на парите и оти до 31 мај ќе ги уплати парите на сметката на српската компанија која сума, тврди, ќе биде доволна за да се вратат парите на тие што нарачале мебел и да се исплатат платите на вработените.
„Искрено се извинуваме поради стресот кој го претрпевте врз основа на медиумските објави за руски крадци и измамници. Тоа не е точно, нашите компании не користеа субвенции од државата, ниеден динар не завршил на приватни сметни“, пишува во отвореното писмо.
Фирмата и салоните на „Нефа“ за затворија преку ноќ. Во Македонија имаше 14 подружници,од кои три салони беа во Скопје, а останатите во градовите од внатрешноста. Нема точна бројка колку сѐ граѓани останале измамени кај нас, но неофицијалните бројни се дека станува збор за стотина.
Надлежните веќе го истражуваат случајот, а во случајот најверојатно ќе се вклучи и финансиската полиција.