Основачот на Викиликс Џулијан Асанж е премногу болен за да може преку видео линк да се појави на рочиште за екстрадиција во САД по барање на Вашингтон, изјави денеска неговиот адвокат.
САД побараа екстрадиција на Асанж кога беше уапсен во еквадорската Амбасада во Лондон на 11 април. Тој се соочува со вкупно 18 точки од американското обвинение и со повеќедецениска казна затвор ако биде осуден.
– Тој всушност е далеку од добро здравје, изјави неговиот адвокат Гарет Пирс.
Судијката Ема Арбутнот изјави дека „тој не е баш најдобро“.
Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој се наоѓа на издржување на затворска казна во Велика Британија, бил итно пренесен во затворската болница откако неговата здравствена состојба сериозно се нарушила.
Како што наведуваат од „Викиликс“, тој многу изгубил на тежина и не можел да разговара со неговиот адвокат.