Иако според првичната агенда, ракометарите на Вардар требаше да се враќаат назад во Скопје со два лета и вечерва околу полноќ, сепак има промена.
Ќе биде организиран чартер лет и новите европски шампиони ќе пристигнат во македонската престолнина во 16:15 часот.
Пречек ќе има и на аеродром и потоа на плоштадот „Македонија“.
Поздравете ги европските шампиони!