Кривичен: Времениот пасош на Камчев му е даден по добиено позитивно мислење од СЈО


Од Основниот кривичен суд – Скопје денеска информираат дека на осомничениот Орце Камчев во случајот „Империја“ времената патна исправа му е дадена по добиено позитивно мислење од Специјалното јавно обвинителство, кое тие го почитуваат согласно одредбите до ЗКП.

-Осомничениот, преку своите бранители, до судија на претходна постапка има поднесено барање за издавање патна исправа со ограничен рок од осум месеци важност, а заради неoдоложни службени патувања кои ги има како член на Управен одбор и задолжителна едукација, за што доставил и докази во прилог на барањето, се наведува во соопштението од судот.

Оттаму посочуваат дека согласно одредбите до ЗКП, судијата на претходна постапка се обратил до надлежниот јавен обвинител од каде е добиено позитивно мислење да се издаде патна исправа со ограничен рок од осум месеци важност.

-Со оглед на добиеното позитивно мислење, судот во текот на минатиот месец, со писмо го извести Министерството за внатрешни работи дека дава согласност да се издаде патна исправа со ограничен рок, но со важност од шест месеци, заклучно со последната служена обврска на осомничениот, а согласно член 41 од Законот за патни исправи, – МВР во управна постапка издава патни исправи со ограничен рок по добиена согласност од надлежниот суд. Согласно одредбите од ЗКП и Законот за патни исправи, судот за дадената согласност навремено го известил надлежниот орган кој издава патни исправи, се додава во соопштението.

Судот согласно член 144 ст. 2 од ЗКП нема можност да не почитува согласност или предлог на надлежен обвинител и да изрекува потешки мерки за обезбедување присуство ако истата цел може да се постигне со поблаги мерки, па во таа смисла и постапувал.

Судот, како што е наведено во соопштението, постапувал исклучиво според законските одредби како и мислењето дадено од надлежниот обвинител, а што се однесува до мерката за обезбедување присуство определна со решение на Апелацискиот суд – Скопје, односно одземање на двете патни исправи на осомничениот, истата се уште е активна и двете патни исправи се депонирани во судот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1