Најскапата Патарина од следната недела во употреба во Македонија – Чини 100 денари


Со одлука на Владата, од следната недела и официјално ќе биде пуштена во употреба и првата од двете патарини на автопатот Демир Капија-Смоквица. Патарината ќе чини 100 денари и со тоа ќе биде најскапата патарина во земјава, пренесе Алсат.

За втората патарина на истиот овој автопат која треба да почне со наплата следната година, ќе треба да издвоите 80 денари.

Пресметано за целиот пат од Табановце до граничниот премин Богородица, ќе треба да се издвојат 340 денари за патарина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1