Во подрачјата кои се поплавени во Краљево и Чачак загрозено е здравјето на над 15.500 луѓе, бидејќи им се заканува дезентерија, заразна жолтица и црвена инфекција предизвикана од салмонела, шигелема и ешерихија коли.
Причината за тоа се измешаните бунарски води со фекалиите од септичките јами, а и многу животински лешеви кои исто така се извор на зараза. Се стравува дека загрозени се над илјада граѓани, со оглед на големата површина поплавено подрачје.
За Курир.рс проф. д-р Жарко Ранковиќ, познат српски инфектолог од Ниш, вели дека симптомите на труење се појавуваат 3 до 5 дена од внесувањето на заразената храна. Главните симптоми се стомачни грчеви и дијареа. Како компликација може да се јави и крвава столица, која бара итна медицинска реакција. Посебно внимание бараат лицата со слаб имунитет, како што се децата, постарите лица, лицата кои примаат хемотерапија и бремените жени. Ешерихија коли може да доведе и до хемолитичен уринарен синдром при што токсините од бактеријата може да преминат во крвната циркулација и да предизвикаат оштетувања на бубрезите.