Спасовски: Камери на улиците, казни по пошта за прекршителите


Министерството за внатрешни работи изготува законски измени со цел да се воведе електронски систем во надзор на безбедноста на сообраќајот со поставување безбедносни камери, кои ќе можат да препознаат одредени прекршоци и директно да изрекуваат казни за сторителите со што ќе се намали еветнуалното влијание на човечкиот фактор и ќе се скрати времето на изрекувањето на казните.

Ова го изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој учествуваше на тркалезната маса за проектот „Безбедно дома“, а давајќи коментар на состојбата со сообраќајните несреќи, пред се вчерашната на булеварот „Борис Трајковски“ во која загинаа 21-годишно момче и 48-годишен маж.

Спасовски не прецизираше кога би се случиле законските измени, кои би овозможиле поставување безбедносни камери за сообраќајните прекршоци, но напомена дека во земјава е потребно подигнување на јавната свест и зголемување на сообраќајната култура.

Истакна дека на булевар „Борис Трајковски“ од јануари до мај се изречени 369 казни за брзо возење, а еден од учесниците во вчерашната сообраќајка, во која за жал имаше смртни последици, имал изречено 16 казни од јануари оваа година.

-Сето ова покажува колку сите треба да бидеме свесни како се однесуваме во сообраќајот. Упатувам апел до сите граѓаните да помислат на своите деца кога седнуваат зад воланот, рече министерот за внатрешни работи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1