Фра Симон Нимац (34) до неодамна пастир во црквата на Баст-Башка Вода, без знаење на надредените, подигнал милион евра од продажбата на црквеното земјиште и без трага и глас избегал заедно со атрактивна придружничка.
Ваквата вест ги крена на нозе жителите од Сплит, кои новата вест успеаа да ја дознаат и покрај заветот за молк на тамошните црквени свештеници. Контроверзниот млад свештеник кој служел во Башка Вода, на непозната фирма и продал атрактивен терен од 43,000 метри квадратни покрај море, за цена од 1,000,000 евра.
Целата сума Симо ја подигнал во три наврати, а целата операција ја смислил претходно како иницијатива за собирање на средства за проширување на црквата св. Никола во Башка Вода.
Жителите велат дека додека ги водел мисите, црквата била преполна со вереници од градчето. Возел Крајслер 300 и со секое соблекување на мантијата изгледал како да оди по модна писта. Секогаш дотеран, избричен, со комбинирани Армани костуми, со соодветни кошули, чевли, саати. Бил омилен меѓу вереничките, но секогаш се однесувал на ниво. Никогаш не се слушнало нешто неморално за него. Бил предмет на пичитување восхитување, до тој степен што се појавила и љубомора меѓу неговите помлади колеги, се додека не ја направил ваквата ујдурма.
За дел од читателите на ваквата вест, постапката на Симон претставува донекаде и херојско дело. Еден од нив вика „Секој кој што ќе ја измами црквата или пак државата е вистински херој“.