Заев: Не е точно дека Тевдовски е сменет бидејќи не сакал да потпише заем за новиот Клинички центар


Со реплики и контрареплики меѓу власта и опозицијата тече денешната собраниска расправа на која се дебатира за предлозите за нови министри во Владата.

Пратениците од опозицијата критикуваа дека предложените министри не влеваат надеж дека ќе бидат подобри од претходните. Според нив, сменети се министри кои според перцепцијата на народот биле најдобри, а останати се оние министри кои се најлошо оценети од граѓаните. Прашаа зошто не се сменети министерите за внатрешни работи, за одбрана, за надворешни работи….

– Во Владата останаа клучните министри за тендери и скандали, рече координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

Неговиот сопартиец Илија Димовски јавно го праша премиерот дали е точно дека министерот за финансии Драган Тевдовски е сменет бидејќи не сакал да потпише заем за новиот Клинички центар, на што реагираше Заев, отфрлајќи ги ваквите информации како неточни. Посочи дека Тевдовски секогаш бил „за“ нов Клинички центар и оти за тоа јавно говорел.

Димовски побара од премиерот и гаранција дека луѓето што ги предлага ќе бидат подобри од досегашните, на што Заев одговори дека победата што ќе ја издвојат на следните избори ќе биде најдобра гаранција дека новите кадровски решенија биле успешни.

– Која е гаранцијата дека новите луѓе ќе бидат подобри од досегашните? Гаранцијата е кога ќе победиме на следните избори, рече Заев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1