Есад Рахиќ: Јовановски е во хашкото одделение поради безбедносни причини


Првоосомничениот, вчера беше приведен на граничниот премин Богородица, во најновата истрага на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за примање награда за противзаконско влијание, како и за перење пари.

Првоосомничениот денеска ги поминал сите прегледи и процедури во затворот во Шуто Оризари каде беше спроведен доцна синоќа. Врз него биле спроведени сите процедури како кај сите притворени лица, насоки на проценка како и насоки за прва помош, потврдува директорот на затворот, Есад Рахиќ.

Поради безбедносни причини, моментално се наоѓа во хашкото одделение со уште едно притворено лице, а полицијата немала проблеми при извршување на процедурите.

Од обвинителството информираат дека се извршени претреси во домот на родителите на првоосомничениот, во станот каде што престојувал, како и во просторијата што ја користел со едно правно лице, воедно извршен е претрес и во домот на второосомничениот, како и во возилата што ги управувале.

“При претресите е прибран броен доказен материјал што допрва треба да биде предаден на вештачење. Меѓу одземените предмети покрај два персонални компјутери и еден лап топ што ги користеле првоосомничениот и неговата асистентка, одземено е поголемо количество на брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички дела. Од второосомничениот се одземени повеќе лап топ компјутери, документација, мобилни телефони, УСБ стикови и мемориски картички , како и поголемо количество на оружје и муниција за кое дополнително ќе се утврдува дали второосомничениот го поседувал со дозвола”, се вели во соопштението.

Со оглед на обемноста на материјалот, записниците за одземени предмети сè уште се подготвуваат и во моментов обвинителството не може да соопшти детали.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1