Јоханес Хан на средбата со премиерот Зоран Заев нагласи дека никој не смее да биде амнестиран во случаите кои се водат и оти до октомври кога Македонија треба да добие датум од ЕУ, треба сите политички фактори да дадат максимум за исполнување на реформите, од кои клучен е законот за јавното обвинителство.
Нашата црвена линија е дека секое решение мора да земе предвид оти не може во транзициската фаза да има изгубени случаи. Никој не смее да биде амнестиран од целиот процес поради неспособноста да се исполнат одредени рокови. Затоа тоа мора да се гарантира. Така ние го гледаме владеењето на правото, рече Хан.