57-годишниот Б.М. е рударот кој загина во рудникот во Крива паланка вчера при изведување на работни активности.
МВР информира дека со телесни повреди се здобиле рударите А.Н. (32) од Крива Паланка и Ј.М. (30) од паланечко.
Повредените рудари се пренесени во Клиничка болница во Куманово.
Увид на лице место извршила увидна екипа од Крива Паланка, а од страна на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.