Лилјана Тодоровска потписничката и идејниот автор на социјалниот проект за европски центар за возрасни на крајот на 2017-та на сметка добила и подигнала 720 илјади евра и плус персонален данок, објави Телма.
Како што објави Телма, нејзините соседи се чудат како нивната сосетка Лиле е бабата со идеја вредна 720 илјади евра затоа што на некои со години им должела по ситни 100 или 500-тини денари.
Лилјана Тодоровска вознемирена од пишувањата во медиумите кои ја распнувааат иако не знаат ништо за неа во телефонски разговор за Телма за 720-те илјади евра вели дека и се земени уште во банка од претставнциите на меѓународниот сојуз на Боки 13 кои ја туркале во инвалидска количка која ја употребувала затоа што преживеала сообраќајна несреќа.
-Ограбена сум. Мене парите веднаш ми се земени од луѓето кои беа со мене во банка. Веднаш потоа ми беа земени парите, рече Лилјана Тодоровска во телефонски разговор.
Силјан Мицевски од ГП Пелистер смета дека не бил измамен туку дека верувал во идејата. Првин планирале да градат европски центар за возарсни лица во Охрид, но тамошниот градоначалник Јовановски починал ненадејно. Парите ги префрлил на име на Тодоровска затоа што знаел дека е нејзина идеја. Доколку не се реализра проектот ќе бара поврат на парите кои досега ги дал.
Повеќе на – Телма.мк