22-годишната внука на Роберт Кенеди вчера почина во болница, најверојатно од предозирање, откако подолг период се борела со депресија.
Срша Кенеди Хол, внука на Роберт Ф. Кенеди и на убиениот претседател на САД, Џон Ф. Кенеди починала во болницата во Кејп Код во Хјанис. Од домот на нејзината баба Етел Кенеди (91) во Хјанис Порт во Масачусец била повикана вчера итна помош, која ја пренела во болница каде што е прогласена смрт.
Семејството Кенеди, едно од највлијателните во САД со децении, доживеа серија од трагични несреќи. Иако за смртта на Саирс нема детали, медиумите објавуваат дека 22 годишната студентка по комуникации на Колеџот Бостон, страдала од депресија.
-Депресијата ми се појави на крајот на основното училиште и ќе остане да ме следи до крајот на животот, напиша таа за студентскиот магазин во 2016 година.
Таа волонтираше во Мексико. Таму, активно учествуваше во изградба на училишта во домородните заедници и беше ангажирана во борбата за човекови права и зајакнување на жените, велат од нејзиното семејство.
Полицијата почна истрага за нејзината смрт.
Таа беше единственото дете на Пол Мајкл Хил и Кортни Кенеди Хил, кое беше петто од единаесет деца на Етел и Роберт Кенеди, починатиот претседателски кандидат на САД, убиен на 42 годишна возраст.