ФОТО: Ова се убиените сестри во Загреб


Хрватска е во шок после незапаметеното злостроство во кое Игор Наѓ уби 6 лица, меѓу кои 3 жени, 2 мажи и едно 10-годишно дете.

Поштедено е само бебето кое го имал со една од жртвите. После избегал, а кога полицијата го опколила извршил самоубиство.

Убиецот Игор Наѓ неколку часа по шесткратното убиство е пронајден мртов во Брезовица, 10 километри од местото во Загреб на кое уби три жени, двајца мажи и дете (10).

Наѓ е роден во Вуковар во 1983 година, а со една од жртвите Маја Тојагиќ, имал бебе кое има неколку месеци.

Судејќи според објавите на Фејсбук, тие двајца биле верени.

Двете жени, инаку сестри, и детето (10) ги убил пред куќата, а телата на мажите се пронајдени во куќата, еден лежел во собата, а другиот во ходникот.

Како што пренесуваат медиумите, Игор Наѓ (36) од Вуковар работел како таксист. Неговата „шкода октавиа“ е пронајдена по крвавото злосторство.

Најверојатно се работи за случај на семејно насилство во се убиени мајка, татко, две ќерки, син на една ќерка и момче на другата.

Убиени се и сестрата на Маја, Јосипа и нејзиниот 10-годшен сн, како и нејзините родители Драгомир и Фиљке.

Фејсбук профилот на Маја е полн со нивни заеднички фотографии. На некои од нив е и Наѓ со синот на Маја од претходната врска, момчето кое исто така го убил.

Познаник на Игор и сам шокиран од злосторството, тврди дека на Игор очигледно му „пукнал филмот“.

Вели дека семејството на Игор после бекството од Вуковар било сместено во хотелот Интернационал. Неговиот брат се вратил во Вуковар после завршување на војната, а татко му и мајка му ги напуштиле и ги оставиле сами да се борат во животот.

„Го познавам површно, секогаш беше на ивицата на законот. Животот го остави сам во Загреб и се снаоѓаше како знаеше. Очигледно му пукнал филмот, знам дека повеќе пати имаше конфликт со семејството“, рекол тој.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1