Сеад Кочан е во „Идризово“, немал здравствени проблеми за да биде во болница


Бизнисменот Сеад Кочан од синоќа е во затвор, откако комисија на Министерство за здравство утврдила дека нема здравствени проблеми поради кои треба да биде во болница.

Комисијата на барање на Кривичниот суд ја ревидирала медицинската документација на приватната болница за пациентот, а од стручниот увид било утврдено дека пациентот нема апсолутна индикација за болничко лекување, соопштија од Министерството.

Кочан кој е правосилно осуден на затворска казна од 4 години и 8 месеци за случајот „Труст“ синоќа беше спроведен во затворот во Идризово.

Од МВР потврдија дека постапувале по судска наредба за неговото приведување која била упатена доцна синоќа, откако надлежниот судија за извршување санкции го одбил и неговото трето барање за одложување на издржување на казната.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1