Активирана портокалова фаза: Не излегувајте надвор без потреба


Од жолто ниво на целата територија на државата вчера, денеска во некои делови е активирано повисоко, портокалово ниво на опасност од високите температури и УВ-зрачење. Предупредувачкото портокалово е активирано за скопското подрачје, Повардарието и источните делови од земјава.

УХМР соопшти дека под влијание на многу топла воздушна маса, до средината на наредната недела времето ќе биде сончево и многу топло, а само во петок ќе има извесно зголемување на облачноста.

Минималната температура денеска ќе биде помеѓу 11 и 20, максималната ќе достигне од 33 до 39 степени, а УВ-индексот 9.

Според временската прогноза, попладне ќе има умерена облачност и ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Надлежните апелираат, поради високите температури, да се почитуваат препораките за заштита, не само за неизложување на директно сончево зрачење, туку и за внимателно консумирање храна, правилно однесување при движење на отворено и во природа, како и правилен третман на домашните, фармски животни.

-Граѓаните да избегнуваат престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да носат светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да носат заштитни очила и капа, да конзумираат лесна храна и течности, да внимаваат при подготовка и конзумирање на храната, да избегнуваат термички необработени производи како мајонез од домашни јајца, внимателно да консумираат сладолед и разни кремови, да внесуваат поголемо количество течности, најдобро обична вода за пиење, да избегнуваат алкохолни пијалаци, а пред влегување во возило, одреден период да го проветрат, истакнуваат надлежните.

Во топлите денови се препорачува граѓаните да останат во затворени простории, пред се климатизирани, а при неопходен престој на отворен простор, да најдат можност за почести одмори под сенка. Хронично болните лица редовно треба да ја земаат пропишаната терапија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1