Даводивиќ: Јанева треба веднаш да биде повикана да даде изјава


Обвинителството треба веднаш, по допрен глас, а видео снимката е допрен глас, да реагира и лицето кое се спомнува во разговорот на снимката, обвинителката Јанева, да ја повика да даде изјава. Потоа врз основа на проценка на обвинителот да се преземат натамошни мерки. Објавената снимка е капак на се што деновиве се случува во врска со случајот „Рекет“, вели за весникот ВЕЧЕР, адвокатот Звонко Давидовиќ.

Тој потенцира дека ова не е прв допрен глас за случајот „Рекет“. Оваа снимка е врвот, вели тој, бидејќи пред неа имало многу изјави и докази врз основа на кои до сега требало да бидат преземени одредени дејствија.

-Таа е под сомневање, а нејзини овластувања не се ограничени. Да не заборавиме, Катица Јанева се уште е специјална јавна обвинителка што значи со работно место во СЈО, вели Давидовиќ.

По снимката која беше објавена во весникот „Ла Верита“ на која се гледа дека Боки 13 и Кичеец изнудуваат пари од бизнимеснот Орце Камчев, Даводивиќ вели дека не е првпат вакви снимките да се појават во јавност, а од обвинителството да нема резултат.

– Не е прв пат вакви снимки да се појавуваат во јавноста, а од обвинителството до сега нема резултат. Никој за вакво дело не е осуден, што значи дека ништо не е преземено во нашето правосудство, вели Давидовиќ за весникот ВЕЧЕР и додадава дека се поставува прашањето кој видео снимките ги пласира во јавноста?!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1