Обвинителката Елизабета Јосифовска, изјави дека таа го потпишала позивното мислење за да му се одобри времен пасош на бизнисменот Камчев по налог на Катица Јанева.
Во изјава за ,,Сакам да кажам”, таа вели дека Камчев барал да добие времена патна исправа, но Јанева тогаш била на одмор.. Бидејќи била еден од двете заменички на специјалната обвинителка, Јосифовска била должна да потпише.
,,Кај мене стигна готово мислење од Јанева, изготвено од соодветни стручни соработници. Ми кажаа дека ова позитивно мислење е по налог на Јанева, која му кажала на лице од кабинетот задолжено за одобрување на такви акти. Ѝ го кажав ова на обвинителката на ‘Империја’ Лиле Стефанова, со која во такви околности се согласивме дека сум должна да потпишам и според Законот, не смеам да одбијам“, вели Јосифовска.