„Јасно е дека правда и мир нема да има во Македонија се додека СДСМ е на власт, се додека владее октоподот и рекетарските дејанија на поединци“, велат преку соопштение испратено утрово од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека СДСМ и владата на Зоран Заев немаат ниту свест, ниту чувство, а уште помалку способност за градење на правна држава, на која што толку многу се повикуваа.
Попусти се извиците на функционерите на владата во одбрана на Катица Јанева и Вилма Русковска. Граѓаните се згрозени откако целата јавност виде како се тргува со правдата во Македонија, стои во сооптението.
Од партијата, во соопштението додаваат дека обвинителството и судството е предмет на потсмев не само во македонската јавност, во регионот, туку и пошироко, а дека напрегањата во одбрана на Катица Јанева, која како што велат, очигледно ги брани криминалците се огромни.
„Власта наместо да пропагира клише излитени фрази од типот „доколку некој направи криминал, треба да одговара“, треба да престане да влијае врз правосудните органи. Зоран Заев нема каде да се скрие затоа што јавноста бара одговори и одговорност за криминалните мрежи на власта за кои слушнавме и видовме како се вршат.. соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата бараат обвинителството да одговори каде завршила Луј Витон чантата и конечно да одговараат пред законот оние кои што ја злоупотребиле довербата на граѓаните. Бараат и Катица Јанева да се врати од одмор и да ја погледне македонската јавност во очи и конечно да ја каже вистината.