Првиот човек на Општина Сарај Блерим Беџети вели дека прв кој телефонски му се јавил за поништување на легализацијата на дивоградбите на Матка од претходната власт бил премиерот Зоран Заев. Како што тврди тој, преки неговиот личен шофер му ги доставил сите списи.
Најнапред, вели Беџети, овој потег на Заев го сфатил како обид за помош од негова страна. Вториот пат, Општината ја посетиле неговиот адвокат, чие име не го знаеше со сигурност, потоа претставник на Македонската православна црква и еден граѓанин на Општина Сарај. Во присуство на раководителот на секторот за урбанизам на гостите им кажале за правните процедури и постапката потоа продолжила во Министерството за транспорт и врски. Како што вели Беџети, станува збор за една платформа на Матка.
Беџети воедно вели дека малку подоцна градоначалникот на Скопје му рекол да срушат само една и да го завршат случајот, а тој тврди дека го одбил предлогот.
Со оглед на тоа дека тој како градоначалник и општината не реагирале, Антикоруцпсика покренала постапка за дивоградбите на Матка и најавија кривични за Беџети. Тој тврди дека комисијата влегла во дневно политички пресметки, нарачани како што вели тој од Зоран Заев, како одмазда за услуга која одбил да ја изврши.
-На 17.07 премиерот ми се јавува повторно и бара од мене да влијаам на одредени членови на Судскиот совет како би гласале за одредена точка од нивниот дневен ред, поточно точката за разрешување на претседател на еден суд во државава. Јас му укажав дека тоа не можам да го сторам, и му кажав дека не е добро и тој да се занимава со такви работи, од мое лично искуство. Дури понудив да се видиме и да му ги укажам овие работи. Поврзаноста е тоа што две недели подоцна Антикорупцсика во нестандардна процедура во споредба со нивниот начин за работење, набрзина покрена постапка. Затоа сметам дека и оваа комисија се впуштила во дневно политички манипулации и злоупотреба на службената полож. Кривичните пријави против членовите на Антикорупциска кои гласале за вакво нешто ми се подготвени.
Видеото погледнете го на – Пресингтв.мк