Бојан Јованоски и Зоран Милевски -Кичеец, осомничени во истрагата „Рекет“, остануваат во истражниот затвор „Скопје“, бидејќи мерката притвор им е продолжена за уште 30 дена.
Основниот кривичен суд-Скопје соопшти:
Заради интерес на повеќе медиуми, ја информираме јавноста дека Кривичниот совет при Основниот кривичен суд–Скопје постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Б.Ј. и З.М. опфатени во предметот во медиумите познат како „Рекет“, по разгледување и ценење на фактите и доказите донесе решенија со кои го прифати предлогот и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена.
Со почит Основен кривичен суд – Скопје.