Рускоска побара продолжување на притворот за Катица Јанева


Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, побарaла продолжување на мерката притвор за поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева.

Рускоска продолжувањето на притворот го бара поради опасност од бегство и опасноста да влијае врз сведоци или да уништи докази. Обвинителството се откажа од третиот основ, односно повторување на кривичното дело, бидејќи Јанева неодамна беше разрешена од позицијата специјален јавен обвинител, поради што повеќе нема опасност дека ќе го повтори делото.

Триесетдневниот притвор на Јанева истекува в петок, а нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска побара таа да се брани од слобода, а како гаранција понуди три стана недвижен имот во сопственост на нејзините деца и на уште еден член од потесното семјество.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1