Американецот Фернандо Балбуена со 5- годишната ќерка во скут скокнал под воз во понеделникот во подземната станица во Њујорк.
Тој починал на лице место, а детето преживеало и тоа за чудо без никакви повреди.
Очевидци велат дека тој скокнал под возот држејќи го детето во раце, а тие занемеле од страв мислејќи дека детето и таткото се мртви.
„Кога слушнав дека девојчето плаче и го вика татко си , како да си ја слушнав својата ќерка“ рекој очивидец.
Тој вели дека никој не ги турнал туку тој самиот скокнал.
„ Видовме две тела како лежат на шините, се плашевме да го помрднеме детето, а таа самата ни пружи рака, па заблагодаривме на Бог што е жива“ рекол очевидец.
„Не можевме да дојдеме до неа, па затоа таа самата ползеше за да излезе, па веднаш беше пренесено во болница“ вели тој.
Булбуена пред да го изврши самоубиството се јавил на сопругата и рекол „збогум, чувај ми ги децата“ раскажал нивни познаник.
Таа рекла дека не го разбрала добро, но знаела дека не е нешто добро па веднаш отишла на станицата.
„Беше добар татко, но се бореше со депресија, не знам што му минуваше низ глава штом решил да скокне со детето под воз, ја сакаше нашата ќерка, но фала му на Бога дека е жива“ рекла неговата сопруга.