Во градинка во Кисела вода се појави опасната бактерија МРСА


Во градинката „Весели цветови“, односно во клонот „Кокиче“, се појави опасната бактерија МРСА

Кај едно дете и воспитувачка во градинката „Весели цветови“ во Кисела Вода е изолирана бактеријата МРСА (Methicillin-resistant Staphylococcus aureus), потврдуваат во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ). Родители на деца што го посетуваат клонот „Кокиче“ се загрижени, но таму денеска вообичаено се примаат и се згрижуваат деца. Дека нема простор за паника, нагласуваат и во ЦЈЗ, за порталот Деца.мк

– Наша екипа беше во градинката. Направен е епидемиолошки увид и дадени се препораки. Екипата увиде дека хигиената во градинката е на високо ниво, но, сепак, им беше дадена препорака уште еднаш да дезинфицираат простории, играчки и работни површини. МРСА е изолирана кај една воспитувачка и едно дете. Одвреме-навреме има МРСА не само во градинки, туку и надвор од нив, меѓу возрасни луѓе – информираат од епидемиолошкото одделение во ЦЈЗ.

Оттаму апелираат да не се крева паника бидејќи МРСА не е опасна за луѓе со нормален имунитет.

– Од наша страна направена е дезинфекција на просториите и променети се постелнините. За да ја намалиме загриженоста кај родителите, вработената кај која е потврдена бактеријата не доаѓа на работа, иако докторите сметаат дека нема опасност од нејзиниот контакт со децата. Засега состојбата е стабилна, ако се појават нови случаи, во соработка со Центарот за јавно здравје ќе им бидат направени бактериолошки испитувања на децата и персоналот на градинката, вели за слободенпечат.мк, директорката на ЈУДГ „Весели цветови“ Валентина Божиновска

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1