Во Кинотека на Македонија вечерва отворен состанок на иницијативниот одбор на новата партија на адвокатот Александар Тортевски која ќе се вика „Твоја партија“.
Меѓу присутните може да се забележат и професорката Мирјана Најчевска и актерката и активистика Ирена Ристиќ.
Правото и правната држава е нашата црвена линија и за тоа нема отстапка. Македонија да ја направиме пристојно место за живеење, тоа е голема задача, можеби и невозможна, но не се откажуваме. Веќе 30 години имам ангажман во таа насока и тешко ни оди, но не се откажуваме, рече Тортевски пред присутните.
Како приоритет на новата партија ги наведе екологијата и економијата, а за остварување на своите цели, како што вели, ќе се обидат да го добијат најдобриот кадар во Македонија и нема да примаат пари од донатори.
На вечерашниот состанок присутвуваат, меѓу другите, и актерката и активистика Ирена Ристиќ и професорката Мирјана Најчевска, за која Тортески изјави:
Горд сум што со неколку разменети зборови со професорот Најчевска и ми се допадна ставот дека ни посочи под кои услови ќе влезе во партијата.