Помпео на Твитер: Нашите односи уште повеќе ќе се засилат


Нашите односи уште повеќе ќе се засилат преку заедничките заложби за мир, безбедност и просперитет, напиша на Твитер државниот секретар на САД по денешната официјална посета на Република Северна Македонија и средбите во Охрид со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев.

– Дискутиравме за поддршката на САД за пристапувањето на Северна Македонија кон НАТО и ЕУ, имплементацијата на Преспанскиот договор и економскиот развој со претседателот Пендаровски покрај прекрасното Охридско Езеро. Нашите односи уште повеќе ќе се засилат преку заедничките заложби за мир, безбедност и просперитет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1