Марјана си ја отрула свекрвата, па се исповедала кај оџа


Обвинителството за тешки злосторства на Албанија бара 35 години затвор за Марјана Цмета, обвинета дека ја отрула свекрвата со отров на 30 април 2018 година.

Убиството на Лирије Лами се случило во Камез, Албанија. Дваесет и двегодишната снаа Марјана во исповед кај оџа раскажала како ја измамила двојно постарата свекрва да го испие „магичниот сок“, всушност отровот фостоксин. Иако не живееле заедно Марјана била убедена дека свекрвата ѝ направила магија и одлучила да ја убие. Оџата ја снимил исповедта која трае 72 минути, а обвинителствотого користи како главен доказ во обвинението против снаата-убиец.

Додека ја гледала видеоснимката, Марјана изјавила дека ѝ изгледа како да слуша туѓа историја.

Ми се чини дека слушам историја од некој друг – изјавила таа кога ја прашале дали го видела видеото.

По расправијата, се разделивме и јас отидов во мојата соба, во тоа време слушнав врева дома, но не видов што се случува. Излегов подоцна и видов дека беше легната во нејзиниот кревет, влегов повторно во мојата соба и кога стана часот 12 ми изгледаше малку чудно што уште беше таму. Излегов да ја проверам и видов дека беше на земја покрај креветот – изјавила меѓу другото Цмета.

За смртта на свекрвата ги обвинила роднините на поранешниот сопруг Олтјан Лами и оџата и во ниту еден момент не признала дека ја отрула свекрвата, но признала дека дента се степале.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1