Девојката од Раб стана толку барана во Хрватска , што морала да побегне во Србија на викенд.
,,Поради големиот интерес во медиумите, таа реши неколку неколку дена да оди на одмор! Ти благодарам П.С. Се гледаме следната недела” – напиша таа на Инстаграм во петокот, а сега конечно е откриено каде избега.
Кристина во моментот e во Белград, каде oтпатувала во машко друштво . Бидејќи една нејзина пријателка во медиумите открила дека Кристина веќе некое време е во врска, сигурно е да се претпостави дека за викенд отишла со својот најсакан.
На Инстаграм таа објави неколку видеа од белградскиот клуб Банка. Таа им подари на фановите уште едно изненадување и новина – ја затемни косата и ја исплете во ситни плетенки.
20-годишната славеше откако ги продаде мандарини на штандот долж патот „Стариот Самобор“ во Бестовје како вработена во ОПГ Челиќ. Вниманието првенствено го привлекоа редиците на автомобили со луѓе кои сакаа да остават пари на тој штанд, а наскоро стана јасно зошто. Не може да се прикријат атрибутите на Кристина.
Гајбите со мандарина се испразниле со неверојатна брзина, скоро исто брзо колку што фановите на Кристина се собраа на Инстаграм.
Уште во средата, таа имаше помалку од 2.000 следбеници пред нејзината сторија да биде објавена на сајтот на Јутарњи. До четврток вечерта имаше 38.000, а сега има скоро 50 000 следбеници.