Фудбалер се фрлил од шести кат по кавга со девојката (ВИДЕО)


Голманот на албанкскиот прволигаш Партизани , Алдо Теќа , се бори за живот , откако се фрлил од шестиот кат на својот стан во Тирана.

Според албанските медиуми , голмнанот е во тешка состојба поради повреда на белите дробови.

Лекарите известија дека нема оштетување на други витални органи, но сепак се претпазливи за неговата состојба, што би можела да се искомплицира.

Според албанските медиуми, фудбалерот се фрлил од балконот, по жестока кавга со својата девојка по мечот против Теута.

Лекарите и дадоа специјални упатства на неговата мајка, која најтешко ја доби веста за обид за самоубиство.

„Подгответе се да влезете и да го видите вашиот син, но не плачете, тој е лошо и не е добро да го малтретирате и да влошувате“, и рекле лекарите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1