Локалната полиција наскоро интервенираше и го ослободи градоначалникот Хорхе Луис Ескандон Ернандез, кој, наводно, не претрпел сериозни повреди.
Градоначалникот беше нападнат од земјоделците за неисполнување на предизборното ветување и санирање на локалните патишта.
UNA SU ARRASTRADA. Alcalde de #LasMargaritas, Jorge Luis Escandón Hernández, es sujetado a una camioneta que lo arrastra en pleno parque central, luego de haber sido secuestrado de la propia alcaldía #Chiapas #VideoViral pic.twitter.com/ptdP7g2w92
— Tinta Fresca Chiapas (@tinta_fresca) October 8, 2019
Ернандез по нападот изјави дека ќе поднесе обвиненија за киднапирање и обид за убиство.
Видеата направени од минувачи и безбедносни камери покажуваат група мажи кои го киднапираат градоначалникот од зградата и подоцна го влечат по патот.
#Enterate Circula en redes video en el que pobladores del ejido Santa Rita en el municipio de #LasMargaritas, #Chiapas, suben en una camioneta al alcalde Jorge Luis Escandón Hernández. Los motivos es porque no ha cumplido lo prometido en campaña. pic.twitter.com/Yywx2exGAC
— Tabasco Al Minuto (@Tabalminutomx) October 8, 2019
Неколку десетици полицајци беа ангажирани да го запрат камионот и да го спасат Ернандез.