Руските тинејџерки Кристина (19), Ангелина (18) и Марија (17) го признале убиството на нивниот 57-годишен татко Михаил Качатуријан, па биле осудени за убиство.
Обвинителството утврдило дека таткото со години ги малтретирал и ги злоставувал психички и физички.
Тие се осудени за убиство, а сега повеќе од 300 илјади луѓе потпишуваат петиција за нивно ослободување.
Како што пренесуваат руските медиуми, сестрите го избоделе нивниот татко до смрт, откако тој со години ги тепал и сексуално ги злоставувал. Тие го признале убиството и откриле дека со години трпеле сексуално, психичко и физичко злоставување, поради што една од нив дури и се обидела да се самоубие.
„Го мразевме и посакувавме само една работа – да исчезне или никогаш да не сме го запознале во нашиот живот“, раскажала Кристина.
Наводно, таткото ги малтретирал на најразлични начини, а еднаш една од сестрите морала да ги изеде кучешките влакна од подот затоа што не исчистила.
„Еднаш Михаил пронајде кучешки влакна на тепихот, по што повика една од ќерките и ја натера да го изеде тоа“, открил семеен пријател за руските медиуми кои што откриваат дека, за да ги шпионира додека не е дома, поставил камери низ целата куќа.
На денот на убиството, сестрите тврделе дека им се заканувал со ноќ. Една од нив го зграпчила и го прободела, а потоа и останатите две се придружиле. Тој некако успеал да побегне од станот, но подоцна бил пронајден мртов пред лифтот.
Сите нивни пријатели го знаат како тиранин, а Михаил кој што бил истакнат член кај руското подземје, бил зависник од хероин. Токму поради малтретирањата, неговата сопруга и мајката на трите ќерки побегнала.
„Секогаш ги тепаше. Еднаш ги одведе во шумата и им се закануваше дека ќе ги убие. Мајката побегна, а тој забрани секаква комуникација со неа. Качатуријан беше поврзан со подземјето, тој беше мафијашки бос“, открила една семејна пријателка за руските медиуми.