Ќерката на српската фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, периодов се почесто патува на релација Белград-Скопје, снимајќи хитови.
Таа дојде во студиото на Дарко Димитров, кој во изјава за естрадниот телевизиски магазин „Бекстејџ“, откри дека албумот на Анастасија е во завршна фаза, а дека сега најмногу посветуваат внимание на детали околу текстовите.
Деновиве таа повторно е во Македонија, па слободното време го поминува низ скопските ресторани, поточно последно беше во ресторанот на таткото на младата македонска пејачка Лина Пејовска, Ефто, а средбата ја овековечија со фотографија на Инстаграм.