Пендаровски: Лобираме до последен момент за датум за преговри


Претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека државниот врв лобира до последен момент да се добие датум за преговри и формулација која ќе ги вреднува напорите на земјата во изминатиот период. Конечната одлука на ЕУ би требало да се знае утре попладне, но и во случај на негативна одлука, шефот на државата смета дека евроитеграцијата останува единствена опција за Северна Македонија.

– Се прават последни дипломатски напори од наша страна бидејќи работата не е завршена. Денеска почнува состанокот на лидерите на ЕУ што ќе трае и утре. Проширувањето е на дневен ред утре околу пладне кога треба да се донесе формална одлука. Се прават последните напори околу формулациите кои ќе бидат употребени. Во овој момент јас не би одлел со сигурен став дека ќе биде ригидно одбиено нашето барање за почеток на пристапните преговори затоа што и премиерот Заев и министрите Османи и Димитров и јас лобираме до последен момент да добиеме формулација која навистина ќе ги вреднува нашите напори во изминатиот период, изјави Пендаровски по посетата на кумановската касарна.

За безбедносниот аспект ако не добиеме сега датум за прерговори, Пендаровски вели дека нема ништо драстично да се случи.

– Тоа го гарантитраат сите институции. Значи безбедноста на Република Северна Македонија е загарантирана. Најголема потврда за ова што го зботрувам, односно за одржлива безбедност во наредниот период е тоа што ратификациите за нашето полноправно членство во НАТО одат со забрзана динамика. Досега тоа го направија 24 од 29 земји членки. Евентуално, техничкото одложување од страна на Шпанија можат да го пролонгираат тоа за некој месец, но ние дефинитивно стануваме полноправна членка на најсилната геополитичка алијанса во историјата на светот и од тој аспект имаме дополнителна гаранција од 29 други држави дека ќе ни асистират ако имаме потреба. Од тој аспект граѓаните треба да бидат апсолутно спокојни, истакна шефот на државата.

Повтори дека целта е да добиеме што е можно порано датум за преговори со ЕУ за да може да се влезе во длабоки реформи со асистенција од Брисел. Но, нагласи Пендаровски, од аспект на безбедноста и неговата улога како врховен командант не треба да има никаква дилема и сомнеж што ќе биде ако не добиеме датум за преговори.

– Во однос на стратешката насока ако не добиеме сега датум за преговори мислам дека е апсолутно јасно дека ова е најдобрата опција – ние како држава без разлика која влада, кој е претседател и кои се релевантни политички субјекти, мораме понатаму да продолжиме за наше целосни асоцирање во ЕУ, изјави претседателот Стево Пандаровски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1