Ние како партија цениме дека би било добро следниве месец дена да има неколку лидерски средби на кои ќе се испита можноста за подобрување на Изборниот законик, ќе се види дали има заеднички именител и што може да унапреди, потоа ќе се утврди датумот на предвремени избори, со претходна Пржинска влада од 100 дена, што значи ќе имаме технички премиер, опозицијата ќе има министер за внатрешни работи и труд и социјала, и некаде во март месец на почетокот можеме да одиме на предвремени избори.
Колку побрзо ќе се случат тие избори, толку подобро за државата. Не ме интересира дали тоа ќе биде подобро за Заев како премиер или претседател на СДСМ, но за граѓаните и за државата ќе биде почесно после ваквиот неуспех да дадат легитимитет, посочи Антонио Милошоски во Кликплус на ТВ21.