Синот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ ќе се ожени со својата девојка Богдана со која очекува бебе. Луксузната свадба е закажана за 24. ноември, а ќе биде организирана во еден елитен хотел.
На свадбата ќе присуствуваат голем број пријатели на семејствата Ражнатовиќ и Родиќ.
Со оглед на тоа дека Ражнатовиќ се верници, свадбата е закажана пред Божиќниот пост кој почнува на 27. ноември 2019 година.
Познато е дека и Цеца и Вељко ја почитуваат традицијата и старите српски обичаи и не е изненадувачки што ќе се придржуваат на нив и на свадбата.
Имено, пред свадбата, Ражнатовиќ ќе се упати кон Титл по невестата. Пред да ја „купат“ невестата, според обичаите, Вељко ќе треба да пука во јаболку поставено на покривот на семејниот дом на Родиќ, а потоа да влезат гостите во дворот. Веjко изрази желба да ја испочитува традицијата, а целото семејство се согласи – рече извор близок на семејството.
Црковното венчавање ќе се одржи во Свети Сава, а на свадбата ќе присуствуваат 500 годти.
Цеца не сакаше да се меша во желбите на Веjко и Богдан, но таа беше таму за да ги поддржи и да им помогне во сè. По одење по невестата, закажана е црковна церемонијата која ќе се одржи во храмот Свети Сава. Свадбена веселба и церемонија за брак ќе се одржи во главниот град во хотел каде ќе има 500 гости. За добра атмосфера ќе биде задолжен оркестарот „Александар Софронијевиќ“, а како што е обичај со сите прослави на Ражнатовиќ,за микрофонот ќе се фати и Цеца, како и многу нејзини колеги.
Подготовките се при крај а убавата атмосвефра завладеала во домот на Ражнатовиќ.
Салата во која ќе биде прославата ќе биде украсена според желбите на Богдана и Веjко. Таа долго размислуваше за тоа каква венчаница ќе носи, а конечните детали за фустанот во моментов се финализирани. Бидејќи Богдана е многу блиску до женскиот дел од семејството Ражнатовиќ, таа се консултираше и со Цеца и Анастасија за изгледот на венчаницата – додава нашиот извор.