Светлана Цеца Ражнатовиќ е пресреќна затоа што дознала дека ќе стане баба. Нејзиниот син Вељко Ражнатовиќ и неговата вереница Богдана очекуваат дете.
„Среќна сум“, кратко рекла за Курир.рс, со што потврдила дека ќе стане баба.
Имено, вереницата на Вељко е бремена веќе два месеци. Тие прво ѝ се јавиле на пејачката да ѝ ја соопштат радосната вест.
„Пресреќна сум, ова е многу убава вест за моето семејство. Се радувам, Не верував кога ми соопшти Вељко, а потоа сите емоции се измешаа. Не умеам да го опишам чувството, се уште сум под еуфорија. Снаата ќе ја пазам и мазам уште повеќе, за новиот член да ни стигне во веселба и радост“, напишала Цеца на Инстаграм.