Македонија итно треба да донесе резолуција со која ќе одговори на Декларацијата на Бугарија во која се поставуваат нови услови кои го задираат македонскиот јазик и историја, и со која ќе постави црвени линии, предложил Христијан Мицкоски на вчерашната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски.
Сите партиски лидери, вклучително и премиерот Заев и претседателот Пендаровски се согласиле со овој предлог, потврдија од ВМРО-ДПМНЕ за Фокус.