Ципрас: Мицотакис ќе моли Заев да остане на власт


Ирационално е она што го стори Европската Унија и се надевам дека набрзо ќе сфатат оти направија историска грешка, која не треба да стане фатална, изјави лидерот на СИРИЗА и поранешен грчки премиер Алексис Ципрас во интервју за Крит ТВ, говорејќи за европската перспектива на Северна Македонија и Договорот од Преспа.

Ципрас вели дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе се моли на изборите во Северна Македонија „да не дојдат на власт неговите истомисленици“, истакнувајќи дека „националниот и патриотскиот интерес“ велел дека треба да се постигне Договорот од Преспа.

Според него, решението постигнато со Договорот меѓу двете земји не може лесно да се урне.

– Не верувам дека е лесно да се урне Договорот (од Преспа), но влегуваме во перипетија, во непотребна перипетија. Ирационално е она што го стори Европската унија и се надевам дека е привремен неуспех. Се надевам дека набрзо ќе сфатат оти направија историска грешка. Грешка која не треба да стане фатална. И ова го велам знаејќи паралелно дека, за жал, Грција беше отсутна од консултациите и од сѐ што се случи на Самитот минатата седмица – рече Ципрас, додавајќи дека се очекувало Грција, а не Данска и Холандија да имаат став и улога во дискусијата што се однесува на Балканот.

Поранешниот грчки премиер упати критики до актуелната Влада во Атина за ставот дека поради албанското население, кандидатурите на Северна Македонија и Албанија не треба да се раздвојат и запраша дали можеби на овој начин Грција индиректно не ја призна логиката на Голема Албанија.

Ципрас ја коментираше и позицијата на грчкиот премиер Мицотакис за Договорот од Преспа, нагласувајќи дека тој „велеше оти овој договор е штетен, катастрофален и предавнички, а сега вели дека треба да се придржуваме до него и да го почитуваме“.

– Сега ги следам случувањата и претпоставувам господинот Мицотакис ќе моли да не случајно се смени Владата (во Скопје) и господинот Заев да не ги загуби изборите во Северна Македонија и на власт да дојдат неговите истомисленици, оние кои ќе сакаат да му наштетат на Договорот – нагласи Ципрас во интервјуто за критската телевизија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1