Tенисерката Халеп се мажи за милијардер од Македонија! ВИДЕО


Рафаел Надал минатиот викенд го изговори судбоносното „да“ со својата долгогодишна девојка Марија Франциска, а тенискиот свет во наредниот период може да биде сведок на уште една венчавка на играч од топ класата, но овојпат во прашање е тенисерка.

Романката Симона Халеп (28) е чекор поблиску до својата венчавка затоа што нејзиниот татко дал зелено светло на нејзиното момче Тони Јуруц (40).

Стере Халеп од младоженецот побарал да ја помести венчавката за септември наредната година, односно по учеството на УС Опен. Татко ѝ сака Симона да игра и наредната година на сите четири Грен слем турнири.

Симона и Тони се една година во врска. Тони е Влав, милијардер со потекло од Македонија, сопственик на неколку фирми.

Симона Халеп е една од најпопуларните личности во Романија. Во моменетот шестопласираната тенисерка ужива во играњето тенис, но истакнува и дека бракот ѝ бил приоритет во животот.

За потенцијалната венчавка со Тони таа вели дека би сакала да се оддржи во Романија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1